Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на Левица, Марјан Димитриев, обвини дека власта на ДПМНЕ не го исполнила ветувањето дадено во нивната програма за изградба на 3000 паркинг места.
„За време на мандатот, наместо реализација на проектот, од општинскиот буџет биле издвоени само 10.000 евра – сума што е доволна едвај за неколку паркинг места,“ изјави Димитриев.
Тој посочи дека жителите на Аеродром секојдневно се соочуваат со хаос во паркирањето, а општината, наместо да го решава проблемот, била претворена во „извор за полнење нечии приватни џебови“.
Како алтернатива, Левица предлага изградба на монтажни катни и подземни гаражи на критичните локации, како и можност граѓаните самите да инвестираат во нивната изградба, со што гаражите ќе им бидат впишани во имотниот лист како неделиви.
„Со ова конечно ќе се стави крај на хроничниот проблем со паркингот во нашата општина,“ порача Димитриев.