Со одржување народна средба партијата Левица денес ја презентираше изборната програма за Општина Тетово. На Народната средба беше присутен и претседателот на партијата Димитар Апасиев.
Катка Божиноска, кандидатка за градоначалник на Тетово посочи дека клучно програмата клучните заложби се однесуваат на чиста животна средина и урбанизација на градот.
– Вечерва сме собрани тука да зборуваме за наше Тетово за нашата иднина. Јас се вклучив во оваа борба, бидејќи не можев молкум да стојам и да гледам како си заминуваат младите како градот пропаѓа и е задушен од корупција и профит за лични интереси. Во нашата програма клучни се, загадувањето – да се среди значи, чиста животна средина и чисти улици, уредени урбани средини. Помош на младите за да останат тука и да се среди инфраструктурната канализација, улици и други потреби коишто се горливи за граѓаните на Тетово. Вечерва тука со нас и претседателот Димитар Апасиев, политичар кој покажа дека од политиката може и поинаку да се води. Кој ветува просперитет, кој ветува правда и ќе работиме и ќе се бориме за наше Тетово за нашиот дом, бидејќи за своето треба да се бориме, истакна Божиноска за медиумите.
Носителот на листата со кандидати за советници Боби Илиевски посочи дека програмата не е составена зад затворени врати во канцеларија, туку е создадена преку директни средби со тетовчани и произлегува од нивните реални потреби.
– Не ветуваме невозможни работи, туку она што е запишано е реално и остварливо и тоа ќе го исполниме. Силата на нашата борба во локалната власт зависи од поддршката на граѓаните. Ве уверуваме дека ќе работиме транспарентно, чесно и секогаш во интерес на тетовчани. Ќе бидеме вашиот глас во советот и ќе оставиме силна трага во развојот на градот. Наши приоритети се справување со загадувањето, решавање на проблемот со недостиг на вода, ставање ред во урбаниот хаос, уредување на паркови и создавање на зелени површини. Посебно внимание ќе посветиме на потребите на пензионерите и на сите лица од ранливите категории. Време е за промени, Тетово заслужува промени. Ние ќе бидеме двигател на тие промени, истакна Боби Илиевски.
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев не даде изјава медиумите, а разговараше со присутните членови и симпатизери на партијата