По аеродромот во Минхен, забележани се и дронови над блискиот воен објект

Беспилотно летало е забележано над објектот на германските вооружени сили (Бундесвер) во близина на аеродромот во Минхен, објави Шпигел, цитирајќи го портпаролот на Оперативната команда на Бундесверот во Берлин.

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Принтскрин

Беспилотно летало е забележано над објектот на германските вооружени сили (Бундесвер) во близина на аеродромот во Минхен, објави Шпигел, цитирајќи го портпаролот на Оперативната команда на Бундесверот во Берлин.

Иако деталите за инцидентот не беа објавени од безбедносни причини, беше наведено дека Бундесверот многу сериозно ги сфаќа летовите со дронови над воените објекти и дека постојат соодветни безбедносни концепти за заштита на објектите на германските вооружени сили.

Шпигел, исто така, додава дека надвор од воените објекти, државните полициски сили се одговорни за безбедноста.