Тешка сообраќајка во Аеродром: Две лица завршија во болница

Вчера (03.10.2025) во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Србија“, булевар „Јане Сандански“ и булевар „Видео Смилевски Бато“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа

од Nikola Popovski
37 прегледи

Вчера (03.10.2025) во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Србија“, булевар „Јане Сандански“ и булевар „Видео Смилевски Бато“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.К.(59) од Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(32) од Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(25) од с.Текија, скопско и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Ј.(78) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „пежо“ Ј.Д.(31) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил М.К., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

-Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.