Герасимовски со тимот трчаа на Скопскиот маратон: Центар продолжува да вложува во спортот

„Денес со мојот тим учествувавме на Виз Ер Скопскиот маратон за да покажеме дека вложувањето во спортот е вложување во здрави граѓани и во посилна заедница“, рече Герасимовски

од Nikola Popovski
22 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник Горан Герасимовски заедно со неговиот тим утрово учествуваа на 21. издание на Виз Ер Скопски маратон.

Герасимовски, потенцира дека трчањето е една од наједноставните, но и најмоќни физички активности кои не одржуваат здрави.

„Денес со мојот тим учествувавме на Виз Ер Скопскиот маратон за да покажеме дека вложувањето во спортот е вложување во здрави граѓани и во посилна заедница. Изминатиот период работевме многу за развој на спортот. Поставивме нова теретана во Паркот на франкофонија, изградивме нови игралишта, реконструиравме фискултурни сали во училиштата.  Во следната година продолжуваме со уште поголеми инвестиции во спортот, предвидена е изградба на два нови затворени базени, реконструкцијата на спортската сала „Работници” е готова и за брзо ја пуштаме во употреба. Продолжуваме и со поддршка на младите таленти. Нашата цел е Центар да биде пример за средина каде спортот е достапен за сите”, рече Герасимовски.