Полицијата информира дека вчера во утринските часови ограбена била обложувалница на територија на општина Аеродром.
-На 04.10.2025 во 09:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, едно лице физички го нападнало вработениот и одзело пари, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.