Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ критикува дека градоначалникот на Општина Карпош и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски излажал и „за паркинг платформа и катна гаража во Влае, а на терен имало само дупки и ѓубре. Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, го нарекува Јакимовски „кандидат на СДСМ“.
„Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски во својата изборна програма од пред 4 години со која ја доби довербата на карпошани вети изградба на платформа на паркинзите кај Порта Влае и изградба на катна гаража на ул. „Васил Чакаларов“. Овде на лице место не само што нема катна гаража, туку паркирањето е полошо од пред 4 години, повеќе возила, а ист број на паркинг места.
Стевчо Јакимовскиги излажа жителите на Влае. Влае нема да гласа за кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски затоа што со него добија само бетонизација, но не и нови паркинг простори“, истакнува Саракинов.
Според него, како што вели, очигледно е „зошто СДС, Филипче и Заев го поддржуваат Стевчо Јакимовски, за бизнис интереси и поголеми профити“.
„Повеќе за нив, а ништо за Карпош. Карпош ќе го испрати лажгото Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев во политичка историја“, истакнуваат од партијата на власт.