Платата за август ќе ја добијат вработените во „Флораком“ и во „Луна“, фирми ќерки на Јавното градско претпријатие „Паркови и зеленило“, информира денеска Стојанче Кашиковски, претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија (СУТКОЗ).
Според него, средствата за исплата на нивната августовска плата се префрлени на сметката на ЈП „Паркови и зеленило“, од каде потоа треба да им бидат исплатени.
Кашиковски апелира раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ веднаш да почне со правење напори за обезбедување средства за исплата на септемвриската плата за да не бидат принудени повторно овие вработени да протестираат, барајќи да им биде исполното нивното работничко право за исплата на плата.
Исплатата на платите следи по седумдневните протести на вратените од „Флораком“ и „Луна“.