Филипче: Ја одбиваат Резолуцијата, а до збор истите барања ги имаат во програмата

Филипче потсети дека и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат истите ставови за националниот идентитет, кои СДСМ сега ги нуди како основа за заедничка резолуција

од Nikola Popovski
28 прегледи

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, реагираше на изјавите на ВМРО-ДПМНЕ дека резолуцијата со која СДСМ предложи национално обединување околу европските интеграции била ново предавство.

Тој нагласи дека целта на документот е јасна – дефинирање на заедничките црвени линии и надминување на поделбите во општеството.

„Се што предложивме е Резолуција за која требаше да има национална обединување. Таму се заедничките црвени линии. Ајде да го направиме тоа заедно, во интерес на сите граѓани. Граѓаните сакаат да видат на Македонија како напредува во Европа“, рече Филипче.

Тој потсети дека и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ постојат истите ставови за националниот идентитет, кои СДСМ сега ги нуди како основа за заедничка резолуција.

„Јасно се дефинирани црвените линии. Дополнително на тоа, такви црвени линии има и во програмата на ВМРО ДПМНЕ 1198. Еве што пишува: Македонскиот многувековен идентитет, јазик, посебност, култура, обичај, традиција и херои не сме да бидат дел од било какви политички преговори. Кажете ми што е разликата? “, потсети тој.