Според директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски, цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното.
Тој во разговор за „Локално“ вели дека сите ние се соочуваме со состојба во која квадратот станува сè помалку достапен, а сè повеќе предмет на шпекулација.
-Иако тоа е дел од природното функционирање на слободниот пазар, неопходно е да постои рамнотежа која ќе го заштити интересот на граѓаните, бидејќи цените често се движат во насока што не секогаш одговара на реалната куповна моќ на населението, посочува Стефановски во анализата.
Становите речиси недостапни за обичниот работник, цената на квадратот повторно се качи