Приватните превозници се враќаат на улиците, добиле од ЈСП средства доволно за следните две недели

Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да можеме да продолжиме. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП за да можеме без прекин да работиме, истакна Зафировски

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании, потврди за МИА сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски.

– Денеска во 16 часот добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари по пакет и после кординацијата со превозниците утре се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да можеме да продолжиме. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП за да можеме без прекин да работиме, истакна Зафировски.