Мицкоски: СДСМ, ДУИ и Левица се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
13 прегледи

На овие избори имаме две опции, две понуди едната понуда е коалицијата којашто е создадена на основа на непринципиелни релации помеѓу коалиционите партнери. Врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии но истовремено тоа што претставува главна точка на поврзување помеѓу овие политички во таа некаде формална а некаде неформална коалиција е гневот и омразата којшто тие го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата којашто ја сочинуваат СДСМ-ДУИ и Левица. Венко Филипче, Димче Апасиев и Али Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. И втората коалиција којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете опција коишто граѓаните ќе ги имаат пред себе на следните избори. Трета опција нема, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски од митинг во Долнени, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година.

Мицкоски повика на 19 октомври граѓаните да гласаат за бројот 9 за поквалитетен живот, за напредок и развој на државата.

-Ве повикувам сите да излезете на 19 октомври да го заокружете бројот 9 да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што само така може да зборуваме за иднина, за развој на општините и Македонија, заклучи Мицкоски.