Очигледно е дека минималната плата нема да се зголеми пред избори, а нема да се зголеми ниту пред Нова Година, вели Иван Пешевски – потпретседател на Сојузот на синдикати на Македонија. Toj прашува „како македонските работници не се продуктивни кога еден работник на газдата му прави 600 илјади денари за една година“.
-Кај нас нема социјален дијалог, нема никаква најава дека наскоро ќе има Економско социјален совет, а нема ниту волја од Владата да се преговара за зголемување на платите. Србија и Албанија донесоа одлука за зголемување на минималецот од 1 јануари наредната година на тој начин Македонија остана последна во регионот и по минималната и по просечна плата, што ќе биде причина за одлив за уште повеќе работници од државата, објаснува Пешевски во анализа за „Локално“.
Србија и Албанија со поголем минималец, ние ја пропуштивме можностa да го зголемиме пред избори