Поставена првата електронска алка на осуден на куќен затвор во Македонија

-Врз осуденото лице беше поставена алка на глуждот на ногата. Истиот нема да смее да го напушта своето живеалиште во времетраење од три месеци, а лицето има право на престој на свеж воздух од најмногу два часа, информира Пандов

од Nikola Popovski
22 прегледи

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов информираше дека денеска од страна на овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велес за прв пат беше поставена опремата за електронски надзор со што започна извршувањето на првата изречена пресуда куќен затвор.

-Врз осуденото лице беше поставена алка на глуждот на ногата. Истиот нема да смее да го напушта своето живеалиште во времетраење од три месеци, а лицето има право на престој на свеж воздух од најмногу два часа. Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација. Притоа, овој начин на извршување на казната е поекономичен за државата, а имајќи ја предвид возраста на сторителот воедно претставува и похуман начин на извршување на казната, порача Пандов.

Примената на оваа алтернативна мерка се смета за поекономична за државата во споредба со затворското издржување на казната. Во конкретниот случај, имајќи ја предвид возраста на сторителот, таа воедно претставува и похуман начин на извршување на санкцијата.