Филипче: Секогаш сме биле и сме со граѓаните и кога било најтешко, во најголемите кризи, граѓаните беа наш приоритет

Филипче рече дека социјалдемократски се креирани за граѓаните и за доброто на сите граѓани во секое семејство, а особено за младите кои во Кривогаштани се активно вклучени во креирањето политики во општината.

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва порача дека развојот на Кривогаштани е дело на социјалдемократската политика и работата на досегашниот градоначалник, Николче Мискоски. Тој на граѓанската трибина оттаму, рече дека кога општината се води домаќински, од чесни, посветени луѓе, животот се менува на подобро.

-Кривогаштани денес е најразвиената рурална општина во Македонија. И тоа не е случајно, во прашање се дела, резултат и сериозни проекти. Тоа е резултат на начинот на кој нашите кадри од СДСМ ја водат општината систематски, чесно, посветено на луѓето. Повеќе од 40 проекти завршени, неколку во тек на реализација што е навистина резултат за пофалба и потврда дека во Кривогаштани не се зборувало и ветувало, туку се работело! И тоа е разликата меѓу СДСМ и сите други, ние не ветуваме за аплауз, ние ветуваме за да го промениме животот на луѓето на подобро, рече Филипче.

Филипче рече дека социјалдемократски се креирани за граѓаните и за доброто на сите граѓани во секое семејство, а особено за младите кои во Кривогаштани се активно вклучени во креирањето политики во општината.

-Социјалдемократските вредности солидарност, еднаквост, грижа за секој човек се чувствуваат, во секое семејство, во секоја уличка во Кривогаштани. Затоа денес можеме да се гордееме со оваа општина. Тука младите остануваат, имаат младински центар, младински совет преку кој активно учествуваат во креирањето на локалните политики, граѓаните имаат пристап до социјални услуги, културни содржини, спортски терени и најважно имаат целосно обновена инфраструктура, рече Филипче.

Но и покрај ова, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче, следува период на многу важна задача, одлука која треба да донесе континуитет за општина, со Игор Каравиловски и советничката листа на СДСМ да продолжи да се развива и да напредува со нови проекти за подобар живот на сите и за Кривогаштани кое има перспектива и иднина.

Лидерот на СДСМ на граѓанската трибина во Кривогаштани истакна дека СДСМ секогаш стоела на страната на граѓаните, додека денешната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги остава сами со проблемите и ветувањата што не им ги исполнуваат, нагласувајќи дека социјалдемократите никој не оставија сам да се справува со најтешките светски кризи и дека граѓаните секогаш им биле приоритет.

-Секогаш сме биле и сме со граѓаните и кога било најтешко, во најголемите кризи, граѓаните беа наш приоритет. Тогаш не сме барале изговори – туку сме преземале одговорност. Со план и волја покажавме како се стои зад секој еден граѓанин кој се бореше да преживее, да зачува работно место, да го одржи својот бизнис. Никој не оставивме сам. Со СДСМ платите растеа, пензиите растеа, се создаде систем за помош, не за понижување”, истакна д-р Филипче.

Филипче истакна дека СДСМ не работи по принципот „вети – заборави”, туку секогаш стои зад своите политики и граѓаните.

-Ние од СДСМ не работиме по принципот на ВМРО-ДПМНЕ, вети – заборави. Тие земаат од народот наместо да дадат и ги оставаат граѓаните сами со проблемите. Ние сме покажале дека работиме за граѓаните и за државата”, порача Филипче.

Тој изјави дека ова не се обични избори, туку се борба „за нашиот дом, за нашата земја, за нашата иднина“.

-Секој глас е чекор напред кон држава во која ќе се почитува трудот, знаењето, чесноста. Обединети и сплотени, на 19 октомври да излеземе масовно и да ја потврдиме победата на вистинските вредности“, порача претседателот на СДСМ.