По три години затвор за тројцата скопјани кои создаваа диви депонии во „Вардариште“

Судот ги прогласи за виновни бидејќи во последните пет години, со цел нелегално да заработат, без фирма и лиценца трупале отпад на јавна површина загадувајќи ја животната средина

од Nikola Popovski
36 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

По три години затвор добија тројцата обвинети за складирање железо, акумулатори и кабаст отпад на депонијата „Вардариште“. Скопска единица ги прогласи за виновни бидејќи во последните пет години, со цел нелегално да заработат, без фирма и лиценца трупале отпад на јавна површина загадувајќи ја животната средина.

Одбраната најави жалба, сметаат казната е висока. Појаснуваат дека отпадот не бил запалив, а тоа што горело на „Вардариште“ била на 500 метри од дивата депонија што ја создале обвинетите.

До правосилност на пресудата, обвинетите остануваат во притвор. Се товарат за загрозување на животната средина и природата со отпад за што е предвидена казна затвор од една до 10 години.

Инаку, сите тројца се со семејства, не се осудувани и не се вработени што се цени како олеснителна околност. Тежината на кривичното дело е во влијанието врз животната средина, што се смета за отежителна околност.