АВМУ: И Управен ја отфрли тужбата на Левица

Вчера од АВМУ соопштија дека и граѓанскиот Суд одбил дел од тужбата на партијата на Димитар Апасиев

од Nikola Popovski
32 прегледи

Управниот Суд, на седницата одржана на 6 октомври 2025 година, донесе Решение со кое ја отфрли тужбата на политичката партија Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

-Имено, со донесеното Упатство се појаснува начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес.

Со ова, додаваат од АВМУ, како и со претходно донесеното Решение на Основниот граѓански суд – со кое како неоснован се одбива предлогот на политичката партија Левица за издавање привремена мерка за забрана на доставување на Упатството до комерцијалните медиуми, како и за доставување на извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање до ДИК – само уште еднаш се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и професионално ги спроведува законските решенија.

Вчера од АВМУ соопштија дека и граѓанскиот Суд одбил дел од тужбата на партијата на Димитар Апасиев.

Претседателот на Левица Димитар пред две недели од Уставниот суд побара да донесе итна мерка и да го стопира Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025, што го донесе АВМУ, со кои се определува времето за рекламирање на политичките партии во медиумите за време на кампањата, а според кое, Левица нема да добие време за рекламирање.

Од Уставниот суд деновиве известија дека иницијативата е стасана и дека ќе постапат согласно Актот на Уставниот суд.

АВМУ: Судот одби дел од тужбата на Левица, Апасиев користи вулгарни изрази како напади