На задолжувања што се бројат во милијарди евра, на досега дадените ветувања за развој и прогрес, стапката на економси раст од околу 3% не е ниту спектакуларна ниту повод за фалење – вели за „Локално“ Џевдет Хајредини, еден од поранешните министери за финансии, актуелен надворешен член на Советот за безбедност на чие чело е претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Според новите прогнози на Светска Банка годинава ќе ја завршиме со економски раст од 3,1%.
Сведочиме на предизборен популизам, во реланоста со сегашната кондиција на економијата и со сегашните стапки на економски раст ние сме се подалеку од европскиот стандард – вели Џевдет Хајредини, еден од поранешните министери за финансии.
“Во Македонија во изминатите 30 години годишната просечна стапка на економски раст изнеусва 2%. И домашните и меѓународните институции, Владата, Светска Банка, кредитниет агенции, може да прогнозираат и да лицитираат со бројки, но релноста е поинаква – факт е дека, потенцирам, во три децении, ние имаме просечен раст од само 2%. Која е таа Влада што преземала или ќе направи нешто да се одлепиме од оваа состојба“ – вели Хајредини.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/НБРМ
Според новата прогноза на Светска Банка, годинава ќе ја завршиме со економски раст од 3,1% додека следните две години растот ќе изнесува 3%. Според економските анализи на Светска Банка земјите од Западен Блкан се соочуваат со нов бран на забавување на економскиот раст поради инфлацијата.
„Економскиот раст во Западен Балкан во 2025 година забави бидејќи инфлацијата предизвика намалување на потрошувачката, а зголемената несигурност ги ограничи трговијата и инвестициите и покрај постојаниот раст на платите и на кредитите. Фискалната политика, иако до некаде олабавена, и понатаму е дисциплинирана со дефицит под 3% и јавен долг на надолна траекторија. Редовниот економски извештај за Западен Балкан проектира дека просечниот регионален раст во 2025 година ќе достигне 3,0% што е за 0,2 проценти поени помалку од пролетната проекција. Растот се предвидува да се зголеми на 3,1% во 2026 и на 3,6% во 2027 година“ – се наведува во извештајот.
Со стапка на раст на БДП од 3% во следните две години, македонската економија ќе биде “најслаба“ во однос на другите земји од Западен Балкан, зад Србија која ќе има раст од 3% односно 4%, Црна Гора со проектиран раст во две последователни години за 3,2%, Албанија со раст на БДП од 3,5% и БИХ со раст за 3% односно 3,2%. Според Светска Банка Косово ќе биде “лидерот“ со економски раст од 3,8% односно 3,9% во 2027 година.
„Тоа што Светска банка ни предвидува раст од 3% не е ништо спектакуларно. Сега сведочиме на предизборна реклама и пропаганда дека економијата се движи напред. Се зборува за раст на плати, пензии… Од друга страна економската наука вели дека тековната потрошувачка не смее да биде повисока од стапката на раст. Се додека повеќе се троши отколу што се создава – ние уназадуваме. Со сегашните економски параметри ние се повеќе се оддалечуваме од европскиот просек, а би рекол дека веќе назадуваме и во однос на земјите од Балканот“ – вели Хајредини и додава дека со досегашните задолжувања што се бројат во милијарди евра ние требаше да доживееме економско рестартирање.
„Стапка на раст од околу 3% економијата може да ја испорача по “инерција“ без ништо да не се направи“ – заклучува Хајредини во разговор за „Локално“.
Мицкоски се фали со економски успеси , Филипче обвинува за економско фијаско..
Економската состојба – тема на локалните избори, преку оценките на партиските лидери. Премиерот и претседател на Владата, Христијан Мицкоси ветува одржлив и стабилен економски раст кој годинава на квартално ниво може да достигне и до 8%, потпрен на домашни и на странски инвестиции без да се наруши даночната политика.
„Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очекуваме во следниот период да продолжи да се намалува. Тоа е добра вест за граѓаните, бидејќи ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот“ – изјави премиерот Мицкоски.
Од опозициската СДСМ пак обвинија дека стандардот на граѓаните е на удар а економијата значајно е ослабена.
„Економијата е во пад, инфлацијата беснее. Но граѓаните не живеат од статистика, туку од она што секој месец им останува во паричникот. А во него секој месец се помалку бидејќи вистината е дека цените растат, а животниот стандард сериозно опаѓа“ – изјави Филипче.
Наспроти “политичко-партиските “ економски проценки, според последните податоци од Заводот за статистика, растот на БДП во првтиот кавртал беше 3% а во вториот 3,4%. Споредбената анализа на кавртално ниво покажуав дека во вториот квартал во споредба со првиот, има значен пад на уделот во БДП на Бруто-инвестициите додека праст има на приватната потрошувачка. Финалната јавна потрошувачка ( трошењата на државата во второто тромесечје) е во пад.
Д.А.