Тајани: Нема ништо лошо во тоа што Трамп ја освои Нобеловата награда за мир

„Зошто би било скандалозно?“, изјави Тајани за телевизијата Медиасет кога го прашаа што мисли за можноста Трамп да ја освои престижната награда денес, пренесува Анса.

од Vladimir Zorba
28 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека не гледа ништо лошо во тоа што американскиот претседател Доналд Трамп ја освои Нобеловата награда за мир, откако неговиот мировен план за Газа доведе до прекин на огнот.

„Зошто би било скандалозно?“, изјави Тајани за телевизијата Медиасет кога го прашаа што мисли за можноста Трамп да ја освои престижната награда денес, пренесува Анса.

„Мислам дека веќе одлучија кому да ја доделат. Ќе дознаеме денес. Но, резултатите се тука. Можеби ви се допаѓа Трамп или не, можеби се согласувате или не се согласувате со неговата политика, но објективниот факт е дека тој работеше и постигна позитивен исход“, нагласи Тајани.