МВР со детали за групната тепачка во Капиштец: Сите лица биле во угостителскиот објект

Лишени од слобода шест лица по вчерашната физичка пресметка пред угостителски објект во Скопје

од Nikola Popovski
73 прегледи

Полицијата излезе со детали за вчерашната тепачка пред познатиот ресторан во скопски Капиштец. Според информациите, приведени се шест лица.

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна.

Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.