Фон дер Лајен следната недела во Скопје на средба со државниот врв

Претседателката на ЕК ќе пристигне во Македонија на средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Влада

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, ќе го посети Западен Балкан следната недела. Ова ќе биде можност да се потврди поддршката за овие земји на нивниот пат кон ЕУ и за нивниот постепен пристап до единствениот пазар, се вели во соопштението на Комисијата.

Фон дер Лајен ќе разговара со своите домаќини за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра до 2027 година. Во понеделник, таа ќе се сретне со албанскиот претседател Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама во Тирана. Истиот ден, таа ќе отпатува и во Црна Гора за да се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ.

Во вторник, во Босна и Херцеговина, Фон дер Лајен ќе го посети споменикот на Сребреница и ќе учествува на состаноци во Сараево со членовите на Претседателството на земјата и претседателката на Советот на министри, Борјана Кршко.

Во среда, патувањето ќе продолжи во Србија и ќе вклучува билатерална средба со премиерот Ѓуро Мацут и претседателот Александар Вучиќ. Истиот ден, Фон дер Лајен ќе биде во Приштина на средби со косовската претседателка Вјоса Османи и со вршителот на должноста премиер Албин Курти. Подоцна во текот на денот, претседателката на ЕК ќе пристигне во Македонија на средби со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши.

Се очекува ЕК да ги презентира своите годишни извештаи за напредокот на земјите кандидати за ЕУ ​​на 29 октомври.

Слични содржини