Себастијан Лекорну, кој беше повторно назначен за премиер од францускиот претседател Емануел Макрон во петокот, денес изјави дека сака да „стави крај на политичката криза што ги потресе Французите“.
Веднаш откако Елисејската палата ја објави одлуката на Макрон повторно да го назначи за премиер, Лекорну објави на својот профил на мрежата X дека „ја прифаќа мисијата што му е доверена од чувство на должност“, објави BFM TV.
За време на денешната посета на градот Л’Егл-ле-Роз, Лекорну изјави дека „суспендирањето на пензиската реформа е можно за да се избегне конфронтација со Социјалистичката партија“.