Муцунски: Не постои било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти

Ваквите изјави, за жал се израз и на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам, напиша Муцунски во објавата.

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево преку објава на својот Фејсбук профил посочува дека во целост ја отфрла дезинформацијата дека Владата или Министерството разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска го повика министерот Муцунски најдоцна до утре да ја информира јавноста дали се разговара со Велика Британија за лоцирање на мигранти во нашата земја. Филипче ова го кажа коментирајќи го објавениот текст во „Политико“ дека Британија е сè поблиску до договор за отворање центар за враќање мигранти во една земја од Западен Балкан.

-Во целост ја отфрлам дезинформацијата дека Владата или Министерството за надворешни работи и надворешна трговија разговарале или склучиле било каков договор со Обединетото Кралство за прифаќање мигранти. Такво нешто не постои – ниту како иницијатива, ниту како политичка намера, вели Муцунски во објавата.

Муцунски потенцира дека ваквите шпекулации се неосновани, штетни и служат исклучиво за дневнополитички поени.

-Наместо ширење лажни вести, очекуваме сите политички чинители да се држат до фактите и да покажат минимум одговорност. Ваквите изјави, за жал се израз и на целосно непознавање на состојбите и на тековните дипломатски ангажмани на државата. Со Обединетото Кралство имаме стратешко партнерство засновано на заемна доверба, политичка, економска и безбедносна соработка, а не на шпекулации и сензационализам, напиша Муцунски во објавата.

Слични содржини