ВМРО-ДПМНЕ бара да се истражи каква е улогата на Спасовски во заштитата на газдата на дискотеката „Пулс“

ЈО и Љупчо Коцевски треба да кажат дали истражиле и дали го повикале Оливер Спасовски на информативен разговор, дали е извршена проверка во полицијата во Штип и Кочани и дали постоела негова ургенција?

од Vladimir Zorba
52 прегледи

Според информациите кои излегоа во јавноста, обелоденети од медиумите доаѓаме до фрапантни сознанија и вмешаност на врвот на власта на СДС во случајот со нелегалното работење на дискотеката Пулс. Имено медиумите објавија телефонска конверзација помеѓу синот на газдата на Пулс – Михаил и извесна Бојана. Од конверзацијата се влече логичниот заклучок дека власта на СДС вешто го штитела газдата на Пулс, а во тоа биле вмешани и министри, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено според објавеното во медиумите, на 17 февруари 2022 година, синот на газдата Дејан Јованов – Деко, Михаил, се јавува до извесна Бојана и ја известува дека Оливер Спасовски ( министер за внатрешни работи) се јавувал во СВР Штип, за да ургира за дискотеката. И тоа со зборовите – „Оливер Спасовски се е јавувал у Штип у полицијата за нас“. По што Бојана го прашува Михаил зошто се јавувал Оливер Спасовски, дали за да ја намалат казната и за каква казна станува збор? По што Михаил ѝ кажува дека добил информација за казна која требало да им биде наплатена од УЈП, во висина од 40.000 евра ѝ дека ургенцијата била со цел да не им досадува полицијата.

„И он кажал тој началникот од Кочани утре одма на информативен разговор да дојде … кај началникот за Источна Македонија… ќе им с’ржат малку… да се посерат“ завршува Михаил. ЈО и Љупчо Коцевски треба да кажат дали истражиле и дали го повикале Оливер Спасовски на информативен разговор, дали е извршена проверка во полицијата во Штип и Кочани и дали постоела негова ургенција?

Дали ЈО и Љупчо Коцевски постапиле според закон, или го кријат и штитат Оливер Спасовски? ЈО и Љупчо Коцевски да не молчат. Каква е улогата на Оливер Спасовски во заштитата на газдата на дискотеката Пулс и работата на дискотеката?“, прашуваат од партијата на власт.

Слични содржини