Македонец бил претепан во Австрија поради ѓубре. Имено, расправијата меѓу соседи во виенскиот кварт Флоридсдорф ескалирашла во брутална физичка пресметка во саботата, а баналната причина била корпа за ѓубре.
Три лица биле повредени во инцидентот, а полицијата уапсила 48-годишен маж кој имал ниво на алкохол во крвта од 3,28 промили, јавуваат тамошните медиуми.
Според полицискиот извештај, сè започнало околу 15 часот, кога 44-годишен маж од македонско потекло се обидувал да го изнесе ѓубрето. Во тој момент, без очигледна причина, неговиот видливо пијан 48-годишен сосед, Австриец, го нападнал. Тој го соборил Македонецот на земја, го удрил со тупаница и почнал да го дави.
По пристигнувањето на полицијата, ситуацијата се смирила. Повредениот македонски државјанин бил пренесен во болница, додека насилниот 48-годишник, кој продолжил да ги навредува и се заканувал кон полицајците, бил уапсен и исто така пренесен во болница со повреди на подлактицата. Против него е издадена забрана за приближување.
19-годишниот син на приведениот, исто така, ќе сноси правни последици. Му биле одземени палка и боксерач, а против него е поднесена и пријава за напад.