Почина Илија Темелковски

Денеска почина Илија Темелковски - човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот, соопштија од Ракометната федерација на Македонија.

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: РФМ

Денеска почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот, соопштија од Ракометната федерација на Македонија.

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник, Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски.

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела).