Лекарската комора денеска информира дека доктор д-р Игор Кузмановски во моментов нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 г., но докторот има поднесено барање за нејзино продолжување.
-Во однос на поселедните случување поврзани со д-р Кузмановски, во овој момент може да информираме дека се разгледуваат сите аспекти и се прибираат информации и документација од надлежните институции што ќе бидат разгледани на органите и телата на Комората во најкус можен рок, по што ќе ја информираме јавноста за донесените одлуки и мерките што ќе се преземат, се вели во соопштението на Лекарската комора.