Условна казна во времетраење од две години доби градонаачалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко за незаконско назначување на директор во училиштето во Велешта, и парична казна во износ од 2.500 евра за школото „Браќа Миладиновци“.
Условна казна добија и двајцата вработени во училиштето во Велешта за фалсификување на исправа.
Незадоволни од пресудата изразија и јавниот обвинител Џемал Лога и одбраната на Мерко, Игор Петкоски, кои најавија жалба по приемот на пресудата.
– Не очекував парично, но со оглед дека за првиот предмет беше осуден условно, за вториот требаше ефективна затворска казна, изјави обвинителот Лога.
Против струшкиот градоначалник Мерко има вкупно десет обвиненија за несовесно работење во службата. Во јуни годинава беше изречена првата обвинителна пресуда, за Мерко, парична казна од 10.000 евра за незаконското поставување на директори во три училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.