Локални избори ‘21 vs ‘25: ВМРО-ДПМНЕ славеше победа во 42 општини, СДСМ „падна“ на 16 – на „чекор“ до ново гласање!

Во пресрет на Локалните избори 2025-та, „Локално“ повикувајќи се податоците од ДИК, ги анализира стартните позиции на партиите за Локалните 2025-та, а во однос на освените гласови на Локалните 2021

од Nikola Popovski
56 прегледи Фото: Локално

Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Гази Баба и уште 30 општини во државата и Град Скопје добија градоначалник уште во првиот изборен круг на Локалните избори 2021. Во пресрет на Локалните избори 2025-та година. „Локално“ повикувајќи се податоците од ДИК, ги анализира стартните позиции на партиите за Локалните 2025-та, а во однос на освените гласови на Локалните 2021.

ВМРО-ДПМНЕ со освоени 320 300 гласови во првиот и уште 125 686 гласови во вториот круг ја понесува изборната победа на Локалните 2021 со 42 градоначалници и плус победа во Град Скопје. СДСМ освои 266 595 гласови во првиот и уште 143 697 во вториот круг, позиционирајќи се во 16 општини , со драматичен пад во однос на изборите во 2017 та година.

Во првиот изборен круг на Локалните 2021, ВМРО-ДПМНЕ понесува победа во скоро сите скопски општини па така градоначаници со мнозинството гласови добија Ѓорче Петров со освоени 51,06% од гласовите и Аеродром со 56,29% и ова е една од општините каде јазот со СДСМ беше поизразен, повеќе од двојно во корист на Вмро-Дпмне.  Со мнозинство од 55,8% партијата победи во Бутел, а со двојна предност, преку освоени 62,9% од гласовите го задржа водството и во Гази Баба. Во скопска Кисела Вода за градоначалникот од редовите на Вмро – Дпмне гласаа 53,81% од гласачите.

Тензична изборна битка се водеше во Карпош каде во првиот круг гласовите беа “разлеани“ меѓу СДСМ, Гром, Вмро -Дпмне и Левица за подоцна во вториот круг,  градоначалникот од Гром да понесе подеба  со освоени  51,44% од гласовите наспроти СДСМ со освоени 46,44%.

Додека Вмро Дпмне во 2021 славеше победа уште во првиот круг, СДСМ се соочи со фијаско – со задржана предност во 16 општини. По завршување Локалните 2021 ва, опозициската партија, заедно со коалицијата, ги раководи Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Демир Капија, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Струмица, Чашка, Чучер Сандево и раководи со само една скопска општина, Центар.

По вториот круг на  Локалните 2021, Демократската унија на Албанците се рангираше како трета партија со освоени 107 595 гласови за градоначалници, коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива освои  57 296  гласови а трета партија од албанскиот блок со 26 734 гласови беше Беса. Демократската партија на Албанците ДПА на Мендух Тачи освои 4 145 гласови .

На Локланите избори 2021 та беше забележана солидна излезност, во првиот круг 52,16%  а во втриот круг 53,76%. Иако партиско-политичките анализи покажуваат дека ќе  биде постигнат, односно надминат, потребниот цензус од 33,3% излезност на Локланите 2025та, сепак постои одредена политичка “резервираност“ околу тоа колку ќе биде важна излезноста не само поради легалитетот, туку и поради легитимитетот на избраните градоначалници па и советници.

“Сметам дека на овие локалани избори нема ризик за пад на излезеноста под 30%, напротив мислам дека ќе биде над 40%. Поголемиот праг на излезаност би бил во корист на владечката структура, односно на оној кој според анкетите е во предност“ – изјави неодамна за “Локално“, аналитичарот Петар Арсовски.

Според него победа во првиот изборен круг може да има и во општини со повеќе од 4 кадидати, како што се на пример Аеродорм каде има 5 и Кисела Вода каде има  7 кандидати за градоначалници.

Освен  за Град Скопје со 16 кандидатури за градоначалник, поголем број на номинирани кандидати има и во Струга 9, Битола 8 а за Куманово, Кисела Вода, Долнени, Гази Баба  има по 7 кандидатури за градоначалник.

Д.А.