ЕУ ќе отвори центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

„Ќе отвориме фабрики (центри) за вештачка интелигенција и за Западен Балкан. Ќе започнеме со две „антени“, една во С.Македонија и втора во Србија“ - порача Фон дер Лајен од Тирана

од Nikola Popovski
42 прегледи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан, што се одржува во Тирана, најави дека Европската Унија ќе отвори две „фабрики за вештачка интелигенција“ на Западен Балкан.

– Ќе отвориме фабрики (центри) за вештачка интелигенција и за Западен Балкан. Ќе започнеме со две „антени“, една во С.Македонија и втора во Србија“, како дел од поширока иницијатива за вклучување на регионот во технолошкиот развој на Европа. Ова ќе им овозможи на компаниите во сите шест земји од Западен Балкан да се поврзат со овие фабрики. Ова значи дека вашите компании ќе можат да пристапат до европската инфраструктура за вештачка интелигенција токму тука во регионот, изјави таа, пренесува АТА.

Фон дер Лајен додаде дека со други зборови, „компјутерската моќ на Унијата ќе биде на ваша услуга“.

-Сакам иднината на вештачката интелигенција да се создаде во Европа. И сакам Западен Балкан да биде составен дел од неа. Со други зборови, компјутерската моќ на Унијата ќе биде на ваша услуга, исто како што сакам иднината на вештачката интелигенција да се создаде во Европа, така сакам Западен Балкан да биде во нејзиното срце, потенцираше таа.

За утре е најавена посета на Фон дер Лајен на земјава и средба со државниот врв во Скопје.