Нова жртва од пожарот во Кочани – Почина и Панчо од ДНК

На социјалните мрежи веќе се опростуваат од Панчо. Претходно во истата несреќа почина и другиот член на групата, Андреј.

од Vladimir Zorba
81 прегледи Фото: Фејсбук

Пејачот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо денеска почина како последица од повредите кои ги здоби од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, соопштија од „Аџибадем Систина“.

Според информациите, Панчо некое време бил во кома, а имал и тешки изгореници на лицето и на рацете.

На социјалните мрежи веќе се опростуваат од Панчо. Претходно во истата несреќа почина и другиот член на групата, Андреј.