Киев пост: Испораката на ракети „Томахавк“ во Украина би можела да ја поттикне испораката на „Таурус“

Трамп планира да се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во петок во Белата куќа, каде што главна тема ќе биде воздушната одбрана и можноста за испорака на ракети „Томахавк“.

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Си-Ен-Ен

Одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп да испрати крстосувачки ракети „Томахавк“ со долг дострел во Киев би можела да изврши притисок врз другите сојузници, особено Германија, да одобрат испраќање на нивните ракети „Таурус“ во Украина, пишува денешниот „Киев пост“.

Трамп планира да се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во петок во Белата куќа, каде што главна тема ќе биде воздушната одбрана и можноста за испорака на ракети „Томахавк“.

Зеленски потврди дека патува во Вашингтон со делегација и дека ќе се сретне и со претставници на американската одбранбена и енергетска индустрија.