„Нема да бидеме првите што ќе ја растурат коалицијата, но нема да стоиме туку така. Сите мислеа дека можат да прават што сакаат на мојот грб. Мојот грб е голем, но лизгав“, рече лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, во изјава дадена во седиштето на партијата.
Присутни биле премиерот Росен Жељазков, вицепремиерот Томислав Дончев, Раја Назарјан, Деница Сачева и Костадин Ангелов, како и министри и пратеници во кабинетот.
„Секој ден велат „Борисов и Пеевски“ – што има Борисов со оваа влада, Пеевски не е дел ниту од владата. Затоа премиерот треба да се смени, да се реформира, вклучувајќи го и претседателот на Народното собрание – веќе помина една година, доста им е. „Нека биде од ИТН, од „ДПС – Нов почеток“, не ме засега, но не можат така да ни се качуваат на глава“, додаде Борисов.