Кредити за станови: За 50 квадрати 100 000 евра – променливата камата блиску до 7%, дали ќе има ефект мерката на НБМ за олеснување?

„За станбен кредит од 100 000 евра ,10% учество може да значи само „акутно“ олеснување, поголемиот дел од главницата ќе остане за отплата, што ќе значи и отплата на повисок износ на камата“ – вели за „Локално“ даночниот експерт Павле Гацов

од Nikola Popovski
42 прегледи Фото: Фејсбук

„За станбен кредит од 100 000 евра , 10% учество може да значи само „акутно“ олеснување, поголемиот дел од главницата ќе остане за отплата, што ќе значи и отплата на повисок износ на камата“ – вели за „Локално“ даночниот експерт Павле Гацов. Се ближи 1-ви декември – дали банкарите ќе го слушнат сигналот од НБМ за намалување на учеството за станбен кредит за млади брачни парови?

Со цени по над 2000 евра за квадратен метар и со сегашните банкарски камати кои во варијабилниот дел достигнуваат и до 6,9%, купувањето на стан со кредит во моментове “скапа“ варијанта, велат економистите. Народната банка објави дека преземала мерки за олеснување на кредитните услови за малди брачни парови – учеството за стан да не биде повисоко од 10% од вупниот износ.

Дел од економистите велат дека се работи за “мека мерка“ која нема да даде видлив ефект врз побарувачката на станбени кредити.Намалувањето на учеството на 10% од вкупната сума треба да се гледа во вкупниот контекст за отплата на кредитот, вели за Бизнис-инфо даночниот експерт Павле Гацов.

„Тука зборуваме за “софт“ мерка, што значи на пример 10 000 евра учество на земен кредит од 100 000 евра? Во еден поширок контекст,  за отплата ќе останат 90 000 евра, што поголема основица  за пресметка на камата, повисок износ за отплата. Во случајов може да се каже „вие влезете во кредитно задолжување, а како ќе излезете…“– вели Гацов.

Павле Гацов/Фото: Фејсбук

Со најавената мерка, според НБМ, намалувањето на учеството за стан треба да повлече и намалување на каматите. Банкарите што ги консултираше Бизнис-инфо велат дека и сега во нивните кредитни услови се предвидува уплата на депозит во визина од 10% од цената на станот, но дека процентот зависи и од други услови.

„Кај нас се предвидува задолжително сопствено учество од најмалку 10% од вредноста на станот што се купува, но процентот на учество се дефинира во зависност и од други услови како што се вредноста на обезбедувањето но и важна е  кредитоспособноста на клиентот “ – велат од една банкарска групација.

„Задолжително сопствено учество од најмалку 10% од вредноста на станот што се купува“

„Фиксна камата од 3,25% во првите 60 месеци, варијабилна камата од 6,94% за остатокот од периодот на отплата. Рок за отплата и до 30 години“

„За станбен кредит без животно осигурување 3,70% фиксна камата за првите 10 години само за депоненти на банката“

„Хипотека на недвижен имот во вредност од 125%-250% од износот на кредитот во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување“

Фото: Принтскрин

Користејќи ги податоците од официјалните интернет страни на дел од водечките банки во земјава, „Локално“ направи пресмета колку ќе изнесува годишната рата со калкулирана камата за станбен кредит. По просечна цена од 2 000 евра за квадратен метар, стан од 50 квадратни метри чини 100 000 евра. Па така за станбен кредит од 100 000 евра, со рок на отплата од 20 години, месечната рата ќе изнесува нешто над 35 000 денари.

Според она што го нудат банките , каматите се кредитите главно котираат околу 3% ако е фиксна и над  6% ако е варијабилна.

„Намалувањето на учеството за стан на 10% нема никаква корелација со висината на каматата и затоа не очекуваме дека “мерката“ на НБМ ќе даде било каков ефект во оваа насока. За намлување на каматите се преземаат директни мерки, од интервенција во основната камата, преку каматите за депозити до задолжителната резерва“ – вели Гацов.

Нијансите во висината на каматите што сега ги диктираат банките, зависат од тоа дали кредитот е поврзан со купување на нов стан од градежна фирма, дали кредитобарателот е депонент на банката, висината на депозитот, видот на осигурувањето.

Според одлуката на НБМ, од 1-ви декември банките ќе можат да даваат станбени кредити за прв стан или за изградба на куќа со учество од 10% од вредноста на станот, но сепак минималниот праг за депозит ќе зависи од листа на други услови кои ќе ги дикираат и дефинираат самите банкари.

Д.А.