Јакимовски: Лукровски лажно ја користел Македонија – злоупотребил национални чувства за лична промоција

Од тимот на Јакимовски велат дека според официјалните податоци од „Facebook Page Transparency“, неговата страница првично била креирана под името „Macedonia: Timeless Beauty, Endless Possibilities" – со што се претставувала како проект за национален идентитет, култура и патриотска промоција на Македонија

од Nikola Popovski
44 прегледи

„Излегуваат на виделина нови докази дека кандидатот Сотир Лукровски извршил груба измама на јавноста и злоупотреба на националните чувства на македонските граѓани“ – обвинуваат од тимот на градоначалникот и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски. Оттаму велат дека според официјалните податоци од „Facebook Page Transparency“, неговата страница првично била креирана под името „Macedonia: Timeless Beauty, Endless Possibilities” – со што се претставувала како проект за национален идентитет, култура и патриотска промоција на Македонија.

-Но, само неколку месеци подоцна – на 25 април 2025 година, истата страница го сменила името во „Sotir Lukrovski / Сотир Лукровски” и била претворена во лична политичка платформа. Со овој потег, Лукровски ја изманипулирал јавноста и ја искористил љубовта кон татковината за да стекне следбеници и да гради политичка кариера на грбот на македонскиот патриотизам, истакнуваат од тимот на Јакимовски.

Додаваат дека станува збор за срамна злоупотреба на национални симболи и чувства, во која една страница создадена за љубов кон Македонија била претворена во политички инструмент за лична промоција и манипулација.

-Граѓаните имаат право да знаат дека зад слоганот „Бесконечна убавина” стоела бескрајна измама, стои во соопштението.

Слични содржини