Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Приштина, по средбите со претставниците земјата, нагласи дека е важно Приштина да ги деескалира тензиите и да продолжи да гради силни институции, пренесе Танјуг.
„Косово, исто така, треба да ги финализира потребните чекори за да има корист од Планот за раст“, рече фон дер Лајен во објава на мрежата X.
Таа се сретна одделно во Приштина со претседателката на Косово, Вјоса Османи, и премиерот, Албин Курти.