„Кога самиот градоначалник ќе каже дека „Аеродром е спална соба на Скопје“, а нема ниту план ниту визија да го промени тоа, тоа зборува сè — за нивната неспособност и нестручност“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на Левица, Марјан Димитриев.
Истакнува дека има визија и конкретен план како да ги променат работите и да ја развијат локалната економија во Аеродром.
-Пред се мислам на неколку капитални проекти кои ќе ја променат сликата на „спална соба на Скопје“ а тоа е изградба на Аеродромска Чаршија, изградба на Технолошки Парк како и конечно изградба на Дом на Културата за конечно аеродромци да гледаат театар, изложби, мали концерти и итн, порачува Димитриев во интервју за „Локално“.