Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми вечерва порача дека досега немаат многу забелешки на денешниот изборен ден. Упатуваат апел до сите тие што се на избирачките места како членови на избирачките одбори, посветено и одговорно да ги бројат гласовите на граѓаните.
-Секој еден глас е важен. Една важна фаза заврши, а подеднаква важна фаза е сега и интегритетот на гласањето, додаде Адеми на прес-конференција.
Според Адеми, денеска над се победник е граѓанинот.
-Оној што верува во демократијата, учеството и европските вредности, бидејќи само преку слободниот глас се гради довербата, а само преку учество се гради иднината. Денешниот глас е тој што ќе ја одреди иднината на оваа земја, тој е нашиот политички и национален патоказ. Зашто единствениот пат напред за Северна Македонија е европскиот пат, патот на демократијата, еднаквоста и целосната интеграција на сите нејзини граѓани, рече Адеми во изјава за медиумите.