Кандидатот на Левица, Димитриев пред кандидатот на СДСМ во скопски Аеродром

Излезноста денеска во Аеродром беше 45,57%

од Nikola Popovski
298 прегледи Фото: Левица - Аеродром

Пристигнуваат нови првични резултати од гласањето. Речиси секаде ВМРО-ДПМНЕ има голема предност, а се уште не се објавуваат информации за скопски Центар.

Според првичните информации во скопски Аеродром, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески има 338 гласови, кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски 142, а кандидатот на Левица, Марјан Димитриев освоил засега 165. Ова значи Левица е пред СДСМ барем засега во броењето на гласовите.

Излезноста денеска во Аеродром беше 45,57%.