Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити вечерва порача дека тој е победник на изборите во Чаир и дека има предност пред противкандидатот Бујар Османи од ДУИ. Според него, ВЛЕН има убедлива предност и вели дека уште вечерва ќе прогласат победа во скопската општина.
Истовремено им ја честиташе победата на ДУИ во општина Пласница.
Меџити исто така им се заблагодари на сите гласачи. Вели дека битката била за легитимитет и истакна дека градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами е пред нова победа и освојување на втор мандат.
-Во Врапчиште мислам дека нема цензус и се пропаднати изборите. И во Гостивар е на граница. Таму каде што мислат (ДУИ) дека се најсилни, се соочија со недоверба во граѓаните. Мислиме дека уште во првиот круг ќе имаме 4-5 општини, кажа Меџити на прес-конференција.