Тимот на „Вертиго Гастарбајтерска“ победник на Државното првенство во едрење, класа крузери

На регатата учествуваа 15 екипи кои се натпреваруваа две трки

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Екипата на „Вертиго Гастарбајтери“, член на едриличарскиот клуб „Нов Ветер“ е победник на осмата регата на Државното превенство на Македонија во едрење, класа Крузери, – Меморијал Славе Герасимовски, што се реализираше во Споради, Грција, изминатите седум дена.

На регатата учествуваа 15 екипи кои се натпреваруваа две трки.

Со златните медали се закитија: скиперот – Марко Георгиев, коскиперот – Горан Станков, Влатко Милев, Александар Ѓорѓевиќ – Ѓока, Александар Николовски, Игор Кралев, Бобан Попандонов, Владимир Милановиќ, Драган Антоновски и Оливер Манев.

– Македонија нема море но има ентузијасти кои со визија и посветеност ја ставија на европската мапа во едриличарски спортови, а големото присуство на оваа осма регата потврдува дека едриличарството е спорт кој освојува на прв поглед“, нагласи претседателот на клубот Љупчо Николовски.