Независниот кандидат Ќура со предност во Струга пред вториот круг, очекува неговиот противкандидат од ДУИ да го одржи зборот и да се повлече

-Мислам дека мојот опонент ќе го одржи зборот и ќе се повлече и мислам дека нема да има втор круг. И да има, мислам дека се знае кој е градоначалник, кажа Ќура во изјава за медиумите

од Nikola Popovski
85 прегледи Фото: Принтскрин

Независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќура, е во водство според најновите прелиминарни резултати од Државната изборна комисија. Ќура, кој настапува надвор од партиски рамки, доби значителна поддршка од гласачите во првиот круг од локалните избори.

Иако официјалните резултати сè уште не се конечни, Ќура соопшти на социјалните мрежи дека води во трката, проследувајќи ја објавата со порака: „ПОБЕДА, Промената започна и никој не може да ја запре!“

-Мислам дека мојот опонент ќе го одржи зборот и ќе се повлече и мислам дека нема да има втор круг. И да има, мислам дека се знае кој е градоначалник, кажа Ќура во изјава за медиумите.

Според ДИК, од 100% преброени гласови Менди освоил 9934, а Далипи од ДУИ 9719 гласа. Во Единствениот избирачки список во општина Струга регистрирани се вкупно 62.711 гласачи.