Трајановски: Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни

Ни претстои втор круг, во кој уште посилно, со уште повеќе енергија и работа на терен, ќе се бориме за иднината на нашата општина.

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Д-р Александар Трајановски

Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори, изјави Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ; наведува во соопштение СДСМ.

„Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè обединува.

Ни претстои втор круг, во кој уште посилно, со уште повеќе енергија и работа на терен, ќе се бориме за иднината на нашата општина.

Во деновите што следуваат, ќе продолжам активно да бидам меѓу вас, затоа што секој ваш предлог е важен.

Ве повикувам повторно, со истата решителност и верба, да се обединиме и да ја направиме промената што ја започнавме. Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство, отворена општина и работа во интерес на сите граѓани.

Благодарам за довербата – продолжуваме заедно, посилно од кога било! Заедно можеме повеќе. Заедно ќе успееме“, додаде Трајановски.

Слични содржини