Според првичните оценки на политичките аналитичари дел од општинските совети водени од градоначалници од власта ќе функционираат “комотно“ со обезбедено мнозинство и во советите, но дел можат да се соочат со проблеми поради доминација на опозициските советници. Дали различните партиските “бои“ во општинскиот совет навестуваат терен за опозициско делување?
Иако првичните анализи покажуваат дека најголем дел од општините предводени од градоначалници на власта нема да имаат проблеми во функционирањето на релација со општинсиот совет, сепак постојат корупс на локални самоуправи каде се можни турбуленции. Иако Левица нема доминација во ниту еден општински совет, таа сепак успеа да влезе со свои советници и во општини во кои досега не беше присутна, како Тетово, Виница, Берово, Лозово, Пробиштип, Ранковце, Струмица, Радовиш, Кривогаштани и Ресен.
Дел од општинските совети ќе го започнат новиот мандат со “чиста“ позиција на распоред на политичките сили која нема да значи проблематизирање на работата на градоначалникот, но дел од локалните самоуправи ќе се соочат со мнозинство на советници со различни “партиски дресови“.
Скопски Аеродром ќе добие градоначалник во вториот круг, со значителна предност на Вмро Дпмне, a распоредот на силите во советот покажува дека идниот градоначалник доколку биде од редовите на владеачката партија ќе го има мнозинството – за советници од владеачката партија гласале 46.02% што претставува 15 советнички позиции додека за прв политички опненет ќе ги имаат 6-те советници од Левица со освоени 20,17% . СДСМ со коалицијата ќе биде претставена со 5 мандати а движењето ЗНАМ со еден. Независните преку партијата “Граѓанска инцијатива“ освоиjа 2,44% од гласовите и не обезбедија влез во општинскиот совет.
Општина Карпош, која треба да добие градоначалник во вториот круг, во советот има различни партиско-политички делегати. Коалцијата предводена од Вмро-Дпмне освои 33,06% од гласовите со што обезбеди 11 советнички мандати, колацијата предводена од СДСМ, коалицијата “Искуство за успех “ и Левица освоиа по 4 советнички мадати, независната листа на Татјана Чакулев влегува со 3 ца советници а ЗНАМ со еден.
Кој ќе го води Центар ќе се знае по вториот круг на гласање на кој актуелниот градоначалник Горан герсимовски влегува со предност во однос на второ рангираниот Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ. Во општинскиот совет на Центар со освоени 27 25% е колацијата предводена од СДСМ која ќе има 8 совтници, зад нив со 26,86% е коалцијата предводена од Вмро-Дпмне со 7 советници. Освоените 13,58% од гласовите на Левица и донесоа 3 советнички мандати а зад нив е советничката листа на ЗНАМ освои 8,43% или 2 мандати. Дел од општинскиот совет ќе бидат и тројца престваници на независните.
Интресен распоред на силите има и во општинскиот совет на Тетово каде ќе се спроведе втор круг за избор на градоначалник. Во советот на оваа општина во која Вреди и ДУИ ќе ја играат втората, финална рунда за партиско соочување, со по 13 советнички мандати влегоа и двете коалиции, и онаа предводена од ДУИ и онаа на Вреди. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има 3 мандати додека СДСМ и Левица се застапени со по еден советнички мандат. Тсто така во тетовскиот општински совет има и еден советник од редот на независните.
Во 27-члениот советот на скопски Чаир мнозинство ќе има Коалицијата ВРЕДИ со 14 советници а зад нив со 11 советници е НАИ предводена од ДУИ додека по еден советник ќе имаат ВМРО-ДПМНЕ и ДП на Турците.
Според обработени 99,1% од гласовите, по вториот круг на гласање на Локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е во водство во советите на 58 општини со освоени 301 919 гласови , втора е коалицијата предводена од ДУИ со доминација во 9 општински совети со 114 246 гласови но според бројот на освоени гласови таа е зад коалицијата предводена од СДСМ која има водство во советите на четири оптини но има корпус од 125 824 гласови.
Коалицијата Вреди има мнозинство во 6 општински совети со освоени 91 242 гласа. Политичката партија Левица доби поддршка од 57 063 гласачи, а партијата ЗНАМ 38.421. Коалицијата Искуство за успех (ГРОМ, ЛДП, Интегра, ПЦЕР) освои 13.000 гласови.
Од обработени 99,93 отсто од гласовите, за вкупно 69 независни граѓански листи за советници кои учествуваа на локалните избори, гласаа 58 607 граѓани.
Д.А.