Кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, во своето гостување на Алфа ТВ изјави дека работата на сегашниот градоначалник, Стевчо Јакимовски не се чувствува во ниеден сегмент, и дека со неговото доаѓање ќе престане бетонизацијата и урбаното дивеење во Карпош.
-Господинот Јакимовски, е четири мандата, ова што е во последниве четири години, ние не ја чувствуваме работата на општината, на општинските тела, на комуналните служби, во било кој сегмент да допрете. Сотир нема да им донесе згради во парковите на соседите. Со моето избирање за градоначалник ќе престане целата бетонизација и урбаното дивеење во Карпош. Колку партии, колку функции, колку сојузи има направено за да остане на власт, 30 и повеќе години е човекот на државна функција. Бројките зборуваат, сите граѓани кои му мислат добро на Карпош, ќе ја дадат поддршката за оваа опција – дециден е Лукровски.