Тројца мажи уапсени во Лондон за помагање на руската разузнавачка служба

Полицијата вели дека осомничените се уапсени под сомнение за помагање на странска разузнавачка служба, што претставува прекршување на член 3 од Законот за национална безбедност.

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Принтскрин

Три лица се уапсени како дел од истрагата за наводни прекршоци според Законот за национална безбедност (NSA) 2023, соопшти лондонската полициска служба за борба против тероризмот.

Мажите, на возраст од 48, 45 и 44 години, беа уапсени денес на адреси во западен и централен Лондон, додека претреси се вршат и на дополнителна локација во западниот дел на градот, објавува „Гардијан“.

Полицијата вели дека осомничените се уапсени под сомнение за помагање на странска разузнавачка служба, што претставува прекршување на член 3 од Законот за национална безбедност.

Слични содржини