ВЛЕН и Меџити со поддршка за Лабудовиќ во вториот круг од изборите во Центар

Меџити ги повика жителите од Кале и Дуќанџик да дадат максимална поддршка на кандидатот за градоначалник Лабудовиќ

од Nikola Popovski
15 прегледи

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ и Мирослав Лабудовиќ ќе ја има поддршката и од коалицискиот партнер во власта – ВРЕДИ.

Синоќа, со средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик таквата поддршка е официјализирана.

На средбата на која покрај Лабудовиќ присуствуваше и новоизбраниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ  Изет Меџити со жителите од овие маала кои во најголем дел се со албанска етничка припадност, како и генералниот секретар на ЗНАМ Горан Минчев. Меџити ги повика жителите од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ, поддржан и од ВМРО-ДПМНЕ Мирослав Лабудовиќ.

-Затоа што само на тој начин, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати.

Станува збор за подобрување на основните услови за живеење и подигнување на едно ново ниво погоре во нивното секојдневние – работи кои веќе се предвидени во програмата на Мирослав Лабудовиќ, велат од ЗНАМ.

Ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и ВРЕДИ, по официјализирањето на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.

-Партнерската соработка на централно ниво – која успешно функционира веќе година и половина, се пресликува и на локално – за доброто на граѓаните, нагласуваат од партијата на Димитриевски.