🎥Паднати дрвја пред ОУ „Киро Глигоров во Капиштец баш на влезот кај што влегуваат ученици

Инцидентот се случил на главниот влез, патека која ја користат ученици, наставници и вработени во училиштето

од Nikola Popovski
17 прегледи

Паднати дрвја утрово го блокираа влезот на ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец, на потегот од ул. Васил Ѓоргов кон Заводот за рехабилитација.

Според очевидци, инцидентот се случил на главниот влез, патека која ја користат ученици, наставници и вработени во училиштето.

За среќа никој не е повреден.

Се работи за стари стебла, кои не се исушени. Едно од дрвјата ги има поткренато самите плочи на тротоарот.

Општина Центар информира дека во моментов екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” и ЈП „Паркови и зеленило” работат на отстранување на двете паднати дрвја. Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.