„По секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се виде кај Али Ахмети. Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари”, заврши со „Газиместан”. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби“, велат од ВЛЕН како реакција на пораките од ДУИ.
Според владеачката коалиција составена од неколку партии од албанскиот блок, победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, целосно го разобличија, како што велат, лажниот патриотизам на тројката во агонија – Ахмети, Таравари и Села.
-И ете каде завршија во прегратка со проруската и анти-НАТО партија Левица. Тоа е „сламката за спас” на Али Ахмети, Зијадин Села и Арбен Таравари. Кандидатот на НАИ, Арсим Далипи, кој ветуваше повлекување доколку има само еден глас помалку од Менди Ќура, а потоа јавно излажа, денес е во отворена коалиција со партијата на Апасиев.
ВЛЕН одамна укажа на состанокот меѓу емисарот на Али Ахмети, Кренар Лога, и Димитар Апасиев, како дел од планот за нанесување штета на независниот кандидат поддржан од ВЛЕН во првиот круг. Денес сè е на виделина, тврдат од ВЛЕН.
-Арсим Далипи, со „референдумот” во рака и со „националната кауза” во уста, заедно со „патриотите” Таравари и Села, најдобро докажуваат дека нивната кауза никогаш не била албанска, затоа што оној што се здружува со Левица, ѝ го врти грбот на НАТО, на Западот и на самите Албанци, се додава во соопштението од партиите на власт кои што се дел од ВЛЕН.