Арсовска: Претседателката на Управниот одбор на „Комуналец“ нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО

„Мицко кога ќе бегаш од Македонија за некоја година, бидејќи те болат коленцата нема да може во гепек од кола, ќе треба во багаж од автобус да те пренесат низ граница бегајќи накај Будимпешта“, му порача Арсовска на премиерот Мицкоски

од Nikola Popovski
539 прегледи Фото: Фејсбук

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се огласи на социјалните мрежи откако беше соопштено дека се приведени првите луѓе на скопски „Комуналец“. Арсовска објави дека „мицковистичкиот режим и МВРО почна да сее страв пред втор круг избори го привело директорот на Комунална Хигиена, за хаосот со ѓубрето кој токму криминалните кадри на Мицковски го креираат“. Според градоначалничката,„претседателката на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ Јулијана Спировска, нема да ја апсат бидејќи има албум со сликички со сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Јулијана која ја управува Комунална Хигиена Скопје е осуден криминалец во 2022 година со казна затвор за убиство и осуден криминалец во 2006 за нанесување тешки телесни повреди.  Јулијана во КХС ги команда другите членови на Управен одбор од ВМРО и ВЛЕН, кои се поставени од Советот на град Скопје од ВМРО и ВЛЕН. Јулијана 3 години опструира нови камиони, инвестициска програма, вработените кои 5 години ги чистат улиците не можат да земат решение за работа поради нејзините сопартијци од ВМРО и ВЛЕН во Советот.

Јулијана по наредба на ВМРО континуирано со години прави опструкции додека градот не се удави во смет. И сега директоров им е крив кој не можел да набави 35 нови камиони бидејќи тоа Јулијана го одложила за да ги набави Орце. Мицко, кога ќе бегаш од Македонија за некоја година, бидејќи те болат коленцата нема да може во гепек од кола, ќе треба во багаж од автобус да те пренесат низ граница бегајќи накај Будимпешта“, стои во реакцијата на Арсовска.

Единицата за економски криминал при СВР Скопје го приведе директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, и одзеде дополнителна документација од претпријатието. Според првичните информации, лишени од слобода се две лица, а се очекува поднесување кривична пријава до Обвинителството.

Приведувањето следи по долготрајното несоодветно постапување околу управувањето со јавната чистота во главниот град, како и институционалните реакции на надлежните служби.

Како што пренесуваат дел од медиумите, постојат сомнежи за финансиски злоупотреби и неефикасно работење на претпријатието.

Рустеми е на функцијата од 29 јануари 2025 година.